Импланти ЧПП2020-09-05T12:06:51+01:00

Импланти ЧПП

Да, имплантите се безбедни за повеќето луѓе, а вашиот стоматолог ќе ви каже дали и за вас е безбеден. Кај пушачите и оние кои имаат некоја здравствена состојба (дијабет, компромитирачки имунитет, остеопороза и сл.) ризикот од неуспешен третман може да биде поголем бидејќи ваквите состојби/навики влијаат на квалитетот на коската и способноста на телото да се опоравува (ткивото побавно зараснува по третманот).
Повеќето пациенти се изненадени колку малку нелагодност чувствуваат по поставувањето на имплантот. Можно е процедурата да се направи со локална анестезија или може да побарате дополнителтен седатив ако сметате дека ќе биде неопходно да се смирите. Кога ќе пројде дејството од анестезијата, чувството на нелагодност е минимално. Ако е потребно, вашиот стоматолог може да ви препише аналгетик, но било кој аналгетик што може и сами да го набавите е обично доволен. Ако болката е неподнослива, трае повеќе денови или забележите некои од погоре наведениве проблеми, веднаш контактирајте го вашиот стоматолог. За повеќе на темава, проверете го нашиот водич за тоа колку се болни имплантите.
Заздравувањето е обично прилично брзо и повеќето луѓе може да се вратат на работа ден по поставување на имплантот. Ако ви е поставен повеќе од еден имплант, тогаш може ќе треба да почекате неколку дена пред да се вратите на своите нормални активности особено ако се потребни екстра седативи.
Не, ќе ви бидат обезбедени привремени протези или мост за време на третманот. Овие привремени заби се изработуваат пред вадењето на забот и поставувањето на имплантот.
Да, дури може да се чувствуваат и како посилни кога заменуваат расипани или оштетени заби кои може биле прилично кршливи или болни за време на јадење или џвакање. Можат да ви ја подобрат устата со што ќе јадете нормално и ќе уживате во вашата омилена храна притоа користејќи ги придобивките од прекрасната естетска насмевка.
Имплантот е направен од титаниум кој е инертен метал екстремно јак кој не реагира со телото. Згора на тоа, титаниумот одлично се интегрира со коската, држејќи го носачот цврсто на позиција.
Ве молам погледнете ја галеријата која ја направивме за вас со „пред и потоа“ фотографии.
Би требало да почувствувате неколку, доколку се појават несакани ефекти по операцијата освен ниско ниво на болка и потеченост кои треба да се очекувани после секоја инфазивна хируршка процедура. Ако денталниот имплант се постави неправилно, тогаш можно е да се почувствува тапост и и трнење или можна остра болка. Ако симптомите продолжат повеќе од два дена, треба да го консултирате својот стоматолог за импланти. Можно е да се смири болката, но можно е и имплантот да треба да се отстрани. Ова е неверојатно ретко бидејќи ризиците се минимизираат со внимателно планирање пред операцијата со рентген и томографски (КТ) скен со цел сите нерви и крвни садови да се избегнат.
Се всадуваат во виличната коска за време на кратка оперативна процедура. Стоматологот ќе направи рез во вашето непце за да ја оголи коската со внимателно бушење мала дупка. Тогаш имплантниот столб се навртува во коската и непцето се преместува над имплантот и се зашива во иста позиција за да заздрават коската и непцето. Кога заздравувањето е завршено, на имплантот се додава абатмент и тој го зацврстува заменетиот заб. За повеќе детаљи, можете да го прочитате нашиот чекор-по-чекор опис на типична имплант процедура.
Најверојатно ќе треба де се држите до исхрана со мека храна првите неколку дена до една седмица по операцијата за да не ви се заглави некоја храна околу конците. Јадете хранливи јадење кои лесно се јадат, па повремено со заздавување на местото почнете да внесувате поцврста храна во исхраната.
Важно е да ги одржувате имплантите здрави, со тоа што ќе ги четкате и чистите со забен конец секој ден. Вашиот стоматолог ќе ви демонстрира како да ги чистите. Од витално значење е да се запомни дека ако не се одржуваат чисти, коската и ткивото на непцето може да се инфицираат со што се зголемува ризикот од губење на имплантот. Редовни прегледи и професионални чистења ќе ги одржуваат безбедни од инфекции.
Имплантите ја зачувуваат виличната коска со реплицирање природни забни корени. Тие се цврсти и стабилни и олеснуваат да уживате во балансирањето на исхраната со вашите омилени јадење. Можат да поддржат една или повеќе коронки па и цели вилици. Исто така, можно е да ги замените протезите со големи мостови поддржани од импланти кои се перманентно фиксирани (како техниката „сите на четири“). Забите заменети со импланти ќе им дадат потпора на образите и усните, враќајќи го вашиот природен изглед и самодовербата.
Имаат многу висок целокупен успех од 95% (ова паѓа на 85-90% кога се поставуваат во коскен графт). Со ова, статистиката се потпира на правилна селекција на пациенти и планирање. Не се соодветни за секого и операцијата треба детално да се испланира со цел имплантите да бидат правилно поставени за да дадат најдобар естетски исход и функционални резултати, при што ќе се избегне било која синусна шуплина, нервите и крвните садови.
Денталните импланти би требало да траат со години, а во некои случаи и доживотно. Веќе постојат многу луѓе кои виделе придобивки од нивните импланти по десетици години. Важно е да се напомене дека долговечноста на имплантите зависи од професионалецот и домашната нега на забите. Ниту еден професионалец не може да ви гарантира дали имплантот ќе биде успешен бидејќи постојат повеќе аспекти кои можат да повлијаат на исходот а се надвор од нивна контрола, како генеза на пациентот, лична хигиена, исхрана и начин на живеење.
Треба да бидете во добро општо здравје, и не смеете да имате нетретирани забни проблеми. Ако имате контраиндикации кои би можеле да ја искомлицираат или забранат остеоинтеграцијата како дијабет, злоупотреба на алкохол, пушење или некоја хронична болест, тогаш најверојатно ќе треба да се најде алтернативен начин да се заменат отсутните заби. Вашиот стоматолог може да одреди дали сте или не кандидат кога ќе биде направено испитување на вашата здравствена историја и физичко здравје.